(Видео) Полн воз од Сплит до Загреб заглави во снегот во Лика: „Чекаме два часа“


Денеска нешто по 15 часот воз на Хрватски железници тргна од Сплит за Загреб, а потоа заглави во снегот во Лика.

Како што јави Далмација Данас, возот бил полн во моментот кога се заглавил во снегот бидејќи врз него паднала гранка при што се скршило стаклото на локомотивата.

„Два часа чекаме замена, авотбус или воз“

Околу 150 лица чекаа автобус кој би ги однел од таму.

„Некаде под Госпиќ, на локомотивата падна гранка под тежината на снегот што паѓаше и го скрши предното стакло на локомотивата. Возот веднаш застана, а сега веќе два часа чекаме автобус што треба само да не земе околу 22 часот и 30 минути“, им рекол еден од вработените на патниците на „Далмација Данас“ од Сплит.

Тој додаде дека во меѓувреме наврнале околу триесет сантиметри снег поради што многу патници се симнале од возот за да го поминат времето на чист воздух. Додека се чекаше, пред возот се разви вистинска зимска идила:

„Децата најмногу се радуваа на оваа ситуација. Направија снешко и учествуваа во масовна тепачка со снежни топки. И додека сите мислевме дека само чекаме долга зимска ноќ во возот, се случи нов пресврт. По паузата, возот конечно тргна кон станицата Медак, но набрзо откривме дека две деца не се качиле на време. Моравме да застанеме и да ги чекаме децата да се вратат, па повторно се упативме кон станицата“, раскажува еден патник.