(Видео) Околу 1.000 Јапонци затрупани со возилата во снег


Поради обилните снежни врнежи во централна Јапонија и по северниот брег некои заедници останале изолирани, а без електрична енергија останале околу 10.000 домаќинства.

Повеќе од 1.000 возачи останале заглавени во снегот кој целосно го прекрил главниот автопат во Јапонија, кој го поврзува Токио со Нигата. Некои од нив се затрупани во снегот веќе два дена, пишува “BBC”.

Властите на возачите им поделиле храна, гориво и покривки.

Застојот го предизвикал заглавен автомобил во длабок снег на автопатот откако властите забранија понатаму да се влегува на автопатот додека не се расчисти моменталниот метеж.

Фотографиите од терен покажуваат долги колони возила на автопатот и повеќето од нив се затрупани со снег. Патиштата од Токио се проодни, но кон градот сите дезаглавени.

„Снегот беше многу голем. Како што поминуваше времето се повеќе ги затрупуваше автомобили и мора да признаам дека многу се исплашив. Немав ни храна, ни пијалок, а доколку сакав вода мораше да топам снег во шишиња“. вели еден од заглавените возачи.

Се наведува дека властите побарале да се ангажираат и вооружените сили за да носат вода и храна, како и преносни тоалети за сите луѓе кои чекаат затрупани во снегот. Наложено е чистење на снегот.