Видео од Белата куќа го запали интернетот: Пастори се молат за Трамп
Група христијански пастори се собраа во Овалната соба на Белата куќа за да се молат за американскиот претседател Доналд Трамп, додека американско-израелската воена операција против Иран влегува во втората недела. Според достапните податоци, досега во судирите се убиени повеќе од илјада луѓе.
Видео од молитвениот собир беше објавено на социјалните мрежи од заменик-шефот на пероналот на Белата куќа, Ден Скавино. Видеото го прикажува пасторот како води молитва и бара „божествено водство и заштита“ за американскиот претседател.
Happening Now in the Oval Office at the @WhiteHouse.
God Bless the USA!
🙏❤️🇺🇸🦅 pic.twitter.com/Ebi7DnAnhK
— Dan Scavino (@Scavino47) March 5, 2026
Во молитвата се споменуваат и американските војници вклучени во операциите.
„Се молам за ваша милост и ваша заштита над него. Се молам за ваша милост и ваша заштита над нашите војници и сите мажи и жени кои служат во нашите вооружени сили“, рече пасторот.
Реакции на социјалните мрежи
Соопштението од Белата куќа предизвика бројни реакции на платформата Икс. Некои корисници се сетија на пасус од Евангелието по Матеј кој зборува за начинот на молитва.
„Кога се молите, не бидете како лицемерите.“ Тие сакаат да се молат стоејќи во синагогите и на аглите на улиците за да ги видат луѓето. Вистина ви велам, тие ја примија својата награда. Но, ти, кога се молиш, влези во својата соба, затвори ја вратата и помоли се на твојот Отец, Кој е во тајност. И твојот Отец, Кој гледа во тајност, ќе те награди“, се вели во шестата глава од Евангелието според Матеј.