(Видео) Nike претстави патики за мрзливи
Компанијата Nike ги претстави првите патики за кои не е потребно да се наведнете за да ги обуете или собуете, а ќе чинат 120 долари.
Пред се Nike Go FlyEase се наменети за лица со физички и здравствени потешкотии, но сигурно и мрзливите ќе им се израдуваат.
Тие не се употребливи само за оние кои се занимаваат со спорт, туку и за оние кои се занимаваат со други видови активности.
Патиките имаат флексибилен механизам кој го олеснува нивното обување и собување. Од Nike порачаа дека овој производ го осмислувале имајќи ги на ум пристапните решенија.
Ќе чинат 120 долари, а ќе се продаваат два модела во различни бои. Двата модела се со флуоресцентни детали.
Продажбата би требало да почне на 15 февруари, за како што наведе произведувачот, одбрани членови на Nike заедницата. За остананите продажбата ќе почне нешто подоцна оваа година, пишува Индепендент.