(Видео) Најмалку пет мртви во одрон на глечер во Италија


 

Најмалку петмина загинаа во лавина на Доломитите, објави денеска попладне центарот за спасување на регионот Венето.

Уште осуммина се повредени откако глечер се излизга по падините на планината Мармолада на северот на Италија, а пет хеликоптери и неколку спасувачки екипи со кучиња беа во потрага по луѓето под снегот.

До одронот дошло на алпскиот врв кој се вика Мармолада, а висок е нешто повеќе од 3.300 метри.

„За жал, пет лица се најдени мртви“ рече портпаролката на итната служба Михела Канова за АФП, додавајќи дека бројот на повредени останува привремен.

Повредените планинари, вклучувајќи и едно лице во критична состојба, префрлени се во неколку болници во околината, велат спасувачите.

Локалната итна служба напиша на Твотер дека постои сомнеж оти 15 планинари имало во групата на местото каде се урнал глечерот.

На социјалните мрежи се појави стражна снимка од одронот. Како што велат локалните власти, до одрон на парче од глечерот најверојатно дошло поради невообичаено високи температури на ова подрачје. Температурите биле повисоки од 10 степени Целзиусови, што е премногу за тоа подрачје.

Сведок: Мислевме дека пристигнува авион

Една од сведоците на несреќата објави снимка.

„Она што почна како прекрасен излет со убав поглед со од Мармоладе во Италија за жал се претвори во нешто што нема да го заборавиме додека сме живи. На почетокот мислевме дека пристигнува авион…“, опиша една девојка од групата.