(Видео) Најдобар рецепт за пикантно бело месо: Вкусот е чиста фантазија


Белото месо можете да го подготвите на милион начини, а ова е еден од најдобрите рецепти. Лесно е и има фантастичен вкус.

Кога за ручек имате бело месо и компири, нема човек што ќе одбие. Белото месо е класифицирано како суво, па затоа е важно како го подготвувате, а најдобар начин за тоа е да го испржите или да го динстате во сос. Денеска ви носиме рецепт за зачинето пикантно пилешко во ароматична сос од бујон и балсамико. Подготовката е едноставна, а месото е неверојатно сочно.

Состојки:

1 пилешко филе
2 лажици брашно
2 јајца
30 гр пармезан сирење
1/2 китка магдонос
1 лута пиперка
маслиново масло
30 гр путер

За сос:
250 мл супа (бујон)
1 лажичка балсамико
1 чешне лук
1 гранче мајчина душица
Сок од лимон
1/2 магдонос
30 гр путер

Подготовка:

Скршете ги јајцата во сад, посолете и побиберете, додајте сечкан магдонос, пармезан и ситно сечканата лута пиперка. Сè добро измешајте. Белото месо исечкајте го по должина и отворете го (да се добие форма на пеперутка), потоа покријте го со проѕирна фолија и исчукај те го со чекан за месо. Се тркалаат во брашно, па во зачинета смеса со лута пиперка. Во тавата истурете маслиново масло и растопете го путерот, па пропржете го месото. Извадете го белото месо и истурете ја супата во истата тава. Кога ќе почне да врие, додадете балсамико оцет, мелено лукче, сечкана мајчина душица, сок од лимон, сечкан магдонос и путер. Мешајте додека не се растопи путерот, па вратете го белото месо. Прелијте со сосот и динстајте уште 2 минути.