(Видео) На сила е тотален локдаун, а политичарите не ги почитуваа мерките – граѓаните бесни


Во Австрија на сила е строго заклучување поради корона вирусот. Сепак, политичарите на еден настан не ги почитуваа мерките, што предизвика остра критика од граѓаните.

Додека на сила е локдаун за сите граѓани на Австрија јавниот сервис ОРФ емитуваше хуманитарна емисија во живо „Светлина во темнината“, во која учествуваа политичари, кои беа без маска и без пропишана дистанца, што наиде на критика.

Фотографиите по емисијата предизвикаа бројни дискусии, поради кои кабинетот на канцеларот АЛександер Шаленберг, кој е еден на мета на критиките, соопшти дека сите учесници имале валиден ПЦР тест и дека немало никаква журка.

Меѓу учесниците во емисијата, покрај Шаленберг, беа и претседателот на Австрија Александер ван дер Бален и вицеканцеларот Вернер Коглер.

Шефот на Слободарската партија на Австрија ФПО во Виена, Диминик Неп истакна дека емисијата била „симбол на несовесно однесување“.

„Ако владата е толку глупава да има журка пред милионска публика, тогаш не смее да се чуди кога граѓаните излегуваат на улици“, рече тој.

ОРФ соопшти дека во таа емисија собрани се 3,3 милиони евра, дека се почитувани сите безбедносни мерки, и дека немало никакви журки по снимањето, на што може да укажуваат некои слики.