(ВИДЕО) Мариупол како Варшава во 1944 година


На социјалните мрежи се појави снимка направена од дрон од украинскиот град Мариупол кој трпи најмногу бомбардирања и е под опсада на руските сили. Сега борбите се водат низ улиците на градот,а според оценките, од безмилосните бомбардирања се уништени 90 отсто од објектите во него, поради што полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека Мариупол сега личи на Варшава по 1944 година.