(Видео) Клекнал да ја запроси и збеснал од нејзината реакција
Кога клекнал на едно колено и го поставил судбоносното прашање, не криел колку го изнервирала реакцијата на неговата девојка.
Моќта на социјалните мрежи се гледа и преку едно запросување. Има бројни ситуации: од запросување на натпревари и шлаканици, до одбивање од страна на девојкатал и бегство од местото на настанот. Сепак, вакво запросување досега не е видено, но не поради маестрално романтичната идеја, туку поради реакцијата на девојката.
На интернет кружи видео на „ТикТок“ од дечко кој ја запросува својата девојка. Кога решил да клекне и да го постави судбоносното прашање, од сите страни имало овации. Сепак, вниманието на девојката повеќе го привлече известувањето на нејзиниот мобилен телефон. Додека дечкото го држел прстенот пред неа и чекал одговор, девојката гледала во нејзиниот мобилен телефон.
Не ја криеше ниту својата реакција. Видно изнервиран, го зел мобилниот на девојката и го фрлил настрана, со што јасно ставил до знаење дека не е време за социјалните мрежи. Видеото предизвика бурни реакции кај корисниците, кои истакнуваат дека „Инстаграм е виновен за се“. „Само сака да се пофали“, „Се грижи за бракот“, „Такви се девојките денес“, се само дел од коментарите.
До каде стигнала популарноста на социјалните мрежи докажаа Милина Гата (76) и Џузепе Дана (19), еден од најпопуларните парови кои заработуваат милиони. Станува збор за баба и внук кои заради популарност се бакнуваат во уста и се „шегуваат“ дека се пар кој чека бебе.