(Видео) Како се подготвува француски компир?


Задолжително пробајте го рецептот за француски компири, а сигурни сме дека никогаш не сте пробале нешто повкусно.

Компирите можете да ги подготвите на милион начини, па да ги јадете во салата, да направите тесто од нив, да ги послужите како прилог… Компирите се евтина храна, а наш предлог денес е да го пробате рецептот за познатите Француски специјалитет.

Состојки:

350 мл крем за готвење
2 чешниња лук
30 гр несолен путер
1,2 кг компири
500 гр кашкавал
2 лажички сечкана свежа мајчина душица

Подготовка:

Во сад измешајте го кремот за готвење, сечканиот лук и стопениот путер. Добро измешајте. Излупете ги и измијте ги компирите, па исечете ги на тенки прстени. Наредете ги компирите на дното од тавата, па прелијте ја со смесата со крем, сол, бибер и посипете со мајчина душица. Посипете со рендан кашкавал, па повторно наредете ги компирите. Истурете ја смесата со крем, сол, бибер и посипете со мајчина душица. Покријте со алуминиумска фолија и печете 75 минути во загреана рерна на 180°C. Посипете со преостанатиот кашкавал и печете без фолија уште 15 минути. Оставете да отстои 5 минути пред послужување.