(Видео) Хоспитализирани во Кочани се 12 лица и сите се стабилни


За 15 минути се мобилизирале сите во кочанската болница, по дојавата дека има пожар во дискотеката „Пулс“. Дошле сите лекари и медицински персонал кои не биле на работа.

Најголем дел од пацинетите се со изгореници, но и со вдишување на јаглероден моноксид, а повеќето од починатите, загинале од стампедото кое е направено во паниката, потврди директорката на кочанската болница Кристина Серафимова. Таа вели дека жртвите се на возраст од 14 до 24 годни.

По тријажата која ја направиле во кочанската болница, ги задржале на лекување само пациентите со лесни изгореници, а другите ги испратиле во Клиничката болница во Штип.