(Видео) Хаос на протестот во Холандија против бегалците од Авганистан
Синоќа во Холандија е одржан протест против бегалците од Авганистан. Протестот во еден момент стана хаотичен па полицијата мораше да ги разбива со сила, јави Би-би-си.
Локалните медиуми јавуваат дека околу 250 демонстранти се собрале пред приемниот центар на воениот камп во Харскамп, село источно од Утрехт.
Протестот почна мирно, но тензиите пораснаа откако демонстрантите ги одбија
повиците на полицијата да го напуштат местото на случувањата.
Дел од демонстрантите пееја националистички песни и запалија гуми пред приемниот центар.
Интервентната полиција со кучиња ги растера демонстрантите, но никој не е уапсен.
Околу 800 бегалци од Авганистан треба да бидат сместени во воениот камп во Харскамп, наведува Би-би-си. Првите Авганистанци стигнаа синоќа.
Тој воен камп е еден од четирите такви во Холандија во кој ќе бидат сместени бегаслците од Авганистан.