(Видео) Гори Светскиот трговски центар во Хонконг, заробени 300 луѓе

Голем пожар изби денеска во Светскиот трговски центар во Хонконг, а според последните информации, околу 300 луѓе се заробени на покривот од зградата.
Пожарот е пријавен попладнето по локално време и за само половина час окарактеризиран е како инцидент од трет степен, јави „Саут чајна морнинг пост“.
Исто така, медиумите јавувата дека најмалку седум лица се наголтале чад во зградата која има 38 ката.
Полицијата соопшти дека една 60-годишна жена е во болница во полусвесна состојба поради вдишување чад, а уште две лица не се чувствуваат добро.
Меѓу оние кои во моментот не можат да излезат од зградата која работи како трговски и деловен центар, се и купувачи и гости од ресторани.