(Видео) Гори општинската зграда во Париз, секој момент може да се сруши саат-кулата од 1876 година

Голем пожар во раните утрински часови ја зафати општинската зграда на 12-от арондисман во Париз, а локалните медиуми јавуваат дека се стравува дека дел од покривната конструкција и кулата со јавниот часовник на зградата, изградена во средината на 19 век, ќе се сруши.
Пожарникарите биле повикани околу 3 часот по полноќ кога биле известени за пожарот, пишува весникот „Фигаро“. Во извештајот се наведува дека пожарот се заканувал да ја уништи саат-кулата на општинската зграда, изградена во 1876 година.
#incendie #paris La mairie de #Paris12 en feu cette nuit #pompierdeparis pic.twitter.com/HUCZcGp5Ma
— Antoine Gerbelle (@GerbelleLaVie) January 27, 2025
Општинската зграда на 12-тиот арондисман е зграда чија конструкција комбинира стилови од неколку последователни епохи – од ренесансната архитектура до архитектонските стилови од владеењето на кралевите Луј XIII и Луј XIV, пишува новости.рс.