(Видео) Гори лабораторијата на „Хуавеј“ во Кина
Голем пожар изби во едно од седиштата на компанијата „Хуавеј“ во Кина и тоа во лабораторијата за истражување и развој во јуниот град Донгуан.
Густи облаци црн чад се издигнуваат од кинескиот технолошки џин, а бројни минувачи споделуваат снимки на социјалните мрежи.
На снимките се гледа дека гордниот дел од објектот е целосно во чад. Точните причини за пожарот не се познати, но според локалните пожарникари најверојатно се запалил памукот за звучна изолација, а огнот брзо се проширил.
https://twitter.com/ISCResearch/status/1309439128682016768?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1309439128682016768%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fvijesti%2Fsvijet%2Fveliki-pozar-izbio-u-laboratoriju-huaweija-u-kini-gusti-oblaci-dima-iznad-objekta%2F200925081
Според првичните информации, никој не е повреден, а целата зграда е евакуирана. Голем број пожарникари се обидуваат да го изгаснат огнот.
Од „Хуавеј“ нема стигнато официјално соопштение. а лабораторијата која гори служи за тестирање на 4G и 5G антените.
https://twitter.com/ISCResearch/status/1309439492319739904?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1309441733403574272%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fvijesti%2Fsvijet%2Fveliki-pozar-izbio-u-laboratoriju-huaweija-u-kini-gusti-oblaci-dima-iznad-objekta%2F200925081