(Видео) Филм на „Нетфликс“ опишан како најстрашен: Повратив и добив напад на паника


Гледачите на „Нетфликс“ тврдат дека им било мака од сцените на филмот „Пад“ (“Fall”), а некои дури пишуваат дека тоа е најстрашниот филм што некогаш го гледале.

Филмот е особено стресен за оние кои патат од страв од височина, а дури и „Нефликс“ на официјалниот Твитер ги предупредува гледачите на вознемирувачки сцени.

„Речиси секоја сцена во филмот „Пад“, може да ви предизвика вртоглавица“, напишаа, а многу гледачи почнаа да се жалаат.

– „Пад“ е еден од најстрашните филмови што сум ги гледал. Нема крв, нема насилство, само силно чувство на анксиозност во текот на целиот филм. Ужас. Дланките ми се потеа цело време“, напиша еден корисник на Твитер.

Дргу нагласува дека се преплашил од височината на која се одвива дејството во филмот.

„Секогаш ми било тешко да го објаснам стравот и анксиозноста од висини и поглед наоколу од големи височини. „Пад“ ми предизвика анксиозност и вртоглавица“, додава друг корисник на популарната друштвена мрежа.

„Баш му се радував на овој филм, но не знаев дека толку се плашам од височини додека ова не го изгледав. на Крај ми беше лошо од некои сцени, а да бев на таков солб, ќе умрев од страв“, велиуште еден корисник на Твитер.

Филмот „Пад“ носи напната и застрашувачка авантура на две девојки Беки и Хантер, кои ќе заглават на височина од 610 м висок радиопредавател, на кои се качиле за да ја расфрлат пепелта на сопругот на Беки, кој загинал во алпинистичка несреќа.