(ВИДЕО) Антивладини демонстранти нападнати во метро по протестите во Хонгконг
Група маскирани мажи во бели маици беа снимени како брутално ги напаѓаат патниците во метро со дрвени палки кратко време по масовниот опозициски митинг во Хонгконг. Околу 45 лица беа повредени, а едно лице е во критична состојба.
Snippet of a live broadcast from lawmaker Lam Cheuk ting, showing self-professed pro-Gov't mobsters attacking passengers in train cars at #MTR #YuenLong Stn. #HongKong has 1 of the world's highest cop to population ratio. Where were @hkpoliceforce? Lam was injured as shown live. pic.twitter.com/Aq5JmJlf5u
— Ray Chan (@ray_slowbeat) July 21, 2019
На видеата што се појавија на социјалните медиуми се гледаат луѓе во бели маички, а некои од нив носат хируршки маски и се вооружени со дрвени палки. Исто така, се гледа како луѓето врескаат и се обидуваат да се заштитат себеси од напаѓачите.
VIDEO: Violent scenes at Hong Kong’s Yuen Long MTR station as white-clad men wielding sticks assault protesters and commuters https://t.co/L4JQXAiYSy #HongKongProtests
(?: Facebook/Lam Cheuk Ting, circulating online) pic.twitter.com/bJKCVjO2wV
— CNA (@ChannelNewsAsia) July 22, 2019
На станицата се качиле многу демонстранти кои се враќале дома по масовниот антивладин протест против локалните и кинеските власти. Видеото од внатрешноста на возот беше пренесувано во живо од активист на опозициската Демократска партија, Лам Чук Тинг, кој беше повреден во хаос.