(Видео) Американец весла низ дневната соба: „Планот беше да избегам со кајак“


Ураганот од четврта категорија по име Хелен, еден од најсилните овој век, ја погоди Флорида. Засега не се познати последиците бидејќи таму е ноќ, а гувернерот најави дека повеќе ќе знае наутро по локално време.

Жител на Флорида изјави за Си-ен-ен дека смета дека бурата нема да биде сериозна.

„Бурата започна прилично бавно, а потоа, бидејќи живеам во близина на водата, одеднаш почна, и нивото на водата само се зголемуваше и растеше“, изјави Хелер за Си-ен-ен.

@mattfromhornblasters.com

Hurricane Helen Tampa Florida Matt Heller from Hornblasters.com house flooding

♬ Storm Coming – Once Monsters

Хелер на социјалните мрежи објави видео на кое може да се види како весла низ дневната соба на виолетов кајак, додека околу него лебдат растенија, апарати и мебел.

„Тоа беше мојот план за бегство ако работите тргнат наопаку. Имаме два кајака. Не очекував дека ќе ми требаат во дневната соба“, рече тој.

„Типичен маж од Флорида“
Тој додаде дека во минатото имал поплави дома, но ова е најголемата поплава што ја доживеал.

Хелер подоцна се пошегува дека е типичен маж од Флорида кој поминал многу бури во текот на својот живот.

@mattfromhornblasters.com

#LIVEhighlights #TikTokLIVE #LIVE my house flooded Matthew Heller of Hornblasters this was the beginning

♬ original sound – Matthew Heller