Вицепремиерот Битиќи во посета на компанијата „Кромберт и Шуберт“ во Битола

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес, среда (19.10.2022 година) ќе ја посети компанијата „Кромберт и Шуберт“ во индустриската зона „Жабени“ во Битола.
По посетата вицепремиерот Битиќи ќе даде изјава за медиуми, со почеток во 11:30 часот, пред влезот на фабриката.