Вевер: На ЕУ и треба длабока интеграција, дебатата за проширувањето е контрадикторна на тоа
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Давос зборуваше за перспективите са проширување на ЕУ, за важноста на земјите од Западен Балкан, регионот на Југоисточна Европа и – очигледно – на Украина. Тој рече дека досега проширувањето било поврзано со исполнување на технички критериуми,а сега повеќе станува збор за „геополитички пристап“ – но дека деталите и влијанието на секое такво проширување треба правилно да се испитаат. Зборувајќи за Украина тој рече дека таа има многу што да ѝ даде на Европа, особено кога станува збор за безбедноста и одбраната.
„Во основа, украинската војска денес е единствената што е тестирана во војна и одбрана што никој друг не го направил во толку голем обем“, вели тој.
Белгискиот премиер Барт де Вевер оцени дека проширувањето на ЕУ е важно бидејќи „ луѓето сакаат да се приклучат кон Европската Унија“, додека „никој не сака да се придружи на Кина и ниту еден сосед на САД не вели дека сака да се придружи на САД“. Но, тој вели дека „во моментот, кога ни е потребна длабока интеграција за да го добиеме големиот [геополитички] стап, дебатата за проширување е контрадикторна на тоа“, освен ако ЕУ не избере да се интегрира на две нивоа, со различни брзини.
Литванскиот премиер Гитанас Науседа рече дека е за „поставување многу јасен датум“ за пристапување на Украина во ЕУ, не како правно обврзувачка декларација, туку како политичка амбиција, и дека ќе продолжи да се залага за тоа.