Венчаници во новогодишен дух : Нова колекција на Антонија Ристовска (галерија)


Таа е нежна и боженствена, сензуална и единствена. Обвиткана е во шепотот на нежната романтика, секогаш своја и препознатлива. Девојка со беспрекорен стил и шарм, која својата љубов ја пренесува со безвременски сјај. Токму таа е инспирација за новата Антонија Ристовска Bride колекција Eternal Glow 2023.


„Колекцијата ја сочинуваат венчаници кои изобилуваат со богати текстури на материјали и везови. За оваа колекција во ателјето рачно создадовме нови материјали со 3D текстура и уникатен дизајн. Раскошот од богати везови изработени од бисери, кристали и мониста на материјалите го будат чувството на единственост и гламур, а воедно богатите текстури и слоевитоста на материјалите и понатаму ја задржуваат леснотијата при носење на венчаницата. Секој модел е внимателно изработен со акцент на величенствен изглед и инспирира чувство на восхит. Кроевите кои никогаш не излегуваат од мода се повторно изнајдени во нови креативни форми и комбинации. Стајлингот надополнет со ракавици изработени од материјали со богати везови придонесува за истакната грациозност и нисока елеганција, ни изјави Ристовска. 

Фотографија: Стефан Соколовски
Модели:
Јана Серафимова
Сара Цветанова
Татјана Јанушева (Моделс Ин)
Шминка и фризура: Студио Шурбевски
Чевли: Nine West
Локација:  Македонска филхармонија, Скопје