Велковски во Собранието: Словенија и Црна Гора се позадолжени од нас


ВМРО-ДПМНЕ шири невистини и лаги за висината на јавниот долг, за реализација на домашните капитални и странските директни инвестции, порача во реплика пратеникот од СДСМ, Диме Велковски. 

„Анализата на јавниот долг изработена од Парламентарната буџетска канцеларија вели дека јавниот долг не е над Мастришкиот договор, туку тој изнесува 59,3 осто. За споредба Словенија има 84 отсто, Хрватска 87, а Црна Гора 100 отсто од БДП. Не е точно ниту дека немало инвестции. Тоа се гледа и по податоците во Технолошко индустриски развојни зони. Во 2016 година бројот на вработени во ТИРЗ изнесувал 6.282 лица, а во 2020 се 12.963 вработени. Просечната плата во ТИРЗ во 2016 изнесувала 19.758 а во 2020 година 29.462 денари.“ истакна Велковски.

Пратеникот Велковски посочи дека во периодот 2017-2021 потпишани се 26 нови договори за инвестции, а во 2021 странските директни инвестиции изнесувале над 300 милиони, со што паѓаат во вода празните обвинувања на опозицијата дека владата на СДСМ не носела странски инвестиции, а сериозен напредок има и во делот на реализација на капиталните расходи кои во 2021 се на ниво од 20 милијарди денари што е најмногу во последните години.