Веќе не е тајна: Екссопругата на Вајнстин ја потврди љубовта со Адриен Броди на црвениот килим

САД– Џорџина Чепмен (45) прв пат се појави на црвениот килим со новиот човек во нејзиниот живот, оскаровецот Адриен Броди (48). Двојката се прегрнуваше додека позираа пред фотографите на премиерата на филмот на Броди „Clean“ на филмскиот фестивал во Трибека во саботата, само неколку дена откако судијата во Њујорк донесе одлука поранешниот сопруг на Чепмен, Харви Вајнстин (69), да биде екстрадиран во Лос Анџелес под обвинение на сексуален напад.

Нејзината романса со Броди, е прва врска на основачката на дизајнерскиот бренд „Марчеса“ по разводот од 2018 година со осудениот холивудски продуцент Вајнстин. Чепмен и Вајнстин беа во брак од 2007 година, и имаат две деца.
Во март 2020 година, Вајнстин беше осуден на 23 години затвор во Њујорк и сега се соочува со уште 11 обвиненија за сексуален напад од пет жени во Лос Анџелес.
Чепмен за првпат беше поврзана со Броди во есента 2019 година, а ја потврдија нивната врска во февруари 2020 година. Истиот месец, жирито на Њујорк го прогласи Вајнстин за виновен по две од пет можни точки: кривично сексуално дело од прв степен и силување од трет степен.
Чепмен – чиј што бренд Марчеса се соочи со напади дека Вајнстин вршел притисок врз актерките да носат нејзини дизајни на гала настани, како Меган Мекејн, Пријанка Чопра, Констанс Ву и Скарлет Јохансон – даде ретко интервју за Вог во 2018 година за справување со последиците од однесувањето на нејзиниот поранешен, што ја остави „толку понижена и толку скршена“.
„Не сакам да ме гледаат како жртва“, рече таа за магазинот, „затоа што мислам дека не сум. Јас сум жена во ситуација, но не е единствена“.
Броди, кој глуми во следниот проект The French Dispatch and Blonde никогаш не бил во брак. Неговата врска од највисок профил, со Елза Патаки, заврши во 2009 година, пред нејзиниот брак со актерот Крис Хемсворт.