Вечер на дијамантски тијари и Нобеловци во Стокхолм


Шведска– По двегодишна пауза поради пандемијата  со Ковид-19, шведското кралско семејство се врати на годишната традиција во текот на викендот: банкетот за Нобеловата награда во Стокхолм. Секоја година, кралското семејство носи блескави дијадеми и балски фустани за да ги прослават Нобеловците.

„По неколку години пауза, конечно успеавме да ги прославиме Нобеловците! Принцезата Софија (38) и принцот Карл Филип (43) споделија објава на Инстаграм во саботата, покажувајќи го својот изглед за гламурозниот банкет пред новогодишна елка накитена со запалени свеќи.

Принцезата Софија носеше ледено син фустан со проѕирни ракави до лактите и цветни детали околу вратот за ноќното излегување. Својот изглед го комплетираше со нејзината свадбена тиара, која беше подарок од кралот Карл XVI Густаф и кралицата Силвија кога се омажи за принцот Карл Филип во 2015 година – но со голема промена.

Пред вечерниот прием, кралот Карл XVI Густаф им оддаде почит на добитниците на Нобеловата награда за 2022 година во концертната сала во Стокхолм.

Во неделата вечерта, дамите од кралското семејство повторно носеа дијадеми за вечерата на Нобеловците во замокот. Вечерта започна со мал дочек, по што сите се упатија кон салата. Поканетите гости беа од владата, дипломатскиот кор, академиите, Нобеловата фондација и други.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kungahuset 🇸🇪 (@kungahuset)