Валц: САД ќе го бранат секој сантиметар од територијата на НАТО


 Новиот американски претставник во ОН, Мајк Валц денеска изјави дека неговата САД и сојузниците ќе го бранат „секој сантиметар од територијата на НАТО“.

– Тој на состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на навлегувањето на руски авиони во воздушниот простор на Естонија посочи дека „Русија итно мора да прекине со таквото опасно однесување“.

Во изминатите десет дена Русија третпат е обвинета за нарушување на воздушниот простор на некои земји-членки на Алијансата, по летовите а дронови над Полска и Романија.