Вакцината на „Новавакс“ е ефикасна 90%
Производителот на вакцини „Новавакс“ во понеделникот објави дека нејзините дози се многу ефикасни против КОВИД-19 и исто така штити од различните варијанти по извршената голема студија во доцната фаза во САД и Мексико.
Вакцината беше ефикасна вкупно околу 90% и прелиминарните податоци покажаа дека е безбедна, соопшти компанијата.
Додека побарувачката за вакцини за КОВИД-19 во САД драматично опадна, потребата за повеќе вакцини низ целиот свет останува критична. Вакцината „Новавакс“, која е лесна за чување и транспорт, се очекува да игра важна улога во зајакнувањето на резервите на вакцини во земјите во развој.
Сепак, таа помош е уште далечна во наредните неколку месеци. Компанијата вели дека планира да побара овластување за вакцините во САД, Европа и на други места до крајот на септември и дотогаш да може да произведе до 100 милиони дози месечно.
„Многу од нашите први дози ќе одат во земји со низок и среден приход, а тоа беше целта да се започне со тоа“, изјави извршниот директор на „Новавакс“, Стенли Ерк, за Асошиетед прес.
Додека повеќе од половина од популацијата на САД имала барем една доза на вакцина против Ковид-19, помалку од 1 процент од луѓето во земјите во развој имале една доза.
Во студијата на „Новавакс“ учествувале скоро 30 000 луѓе на возраст од 18 години и повеќе во САД и Мексико. Две третини примиле две дози од вакцината, во период од три недели, а останатите добиле лажни вакцини.
Вакцината беше слично ефикасна против неколку варијанти, вклучувајќи ја и првата откриена во Велика Британија, која е доминантна во САД и кај високо ризични популации, вклучително и постари лица и лица со други здравствени проблеми.
Несаканите ефекти беа претежно слаби – мала болка на местото на инјектирање. Нема извештаи за невообичаени згрутчување на крвта или проблеми со срцето, рече Ерк.