Ужас во Индонезија: Над 800 ученици се затруле од храна што ја финансира владата


Повеќе од 800 ученици добија труење со храна оваа недела во Индонезија откако јаделе бесплатни училишни оброци спонзорирани од владата на земјата, соопштија денес официјални лица.

Повеќе од 500 ученици се разболеа во првиот случај на труење со храна, што е најлошото труење од почетокот на програмата за бесплатни оброци што ја започна претседателот Прабово Субианто, објави Ројтерс.

Од јануари, кога беше започната програмата, до август, повеќе од 4.000 деца добија труење со храна откако ги јадеа овие оброци, според Институтот за економски и финансиски развој на Индонезија.

Во покраината Западна Јава, 569 ученици од пет училишта во регионот Гарут имале симптоми на труење како што се гадење и повраќање во среда откако јаделе пилешко и ориз во кујна за бесплатни оброци претходниот ден, според локален службеник.

Тој додаде дека 10 ученици сѐ уште се во болница, откако 30 од нив беа хоспитализирани.

„Локалната самоуправа ќе го зајакне надзорот врз кујната што ги дистрибуираше оброците, но таа програма нема да биде суспендирана, но отсега на учениците ќе им се даваат повеќе основни прехранбени производи како леб, млеко, варени јајца и овошје“, рече службеникот.

Уште еден случај на труење со храна се случи на островите Бангаи каде што се разболеа 277 ученици, соопшти Националната агенција за исхрана, која ја надгледува програмата, додавајќи дека програмата ќе биде привремено суспендирана.

Најновите труења покренаа прашања за стандардите и надзорот врз програмата, која има повеќе од 20 милиони корисници и е предвидено да достигне 83 милиони до крајот на годината, со буџет од 10,32 милијарди долари.