Затворена за сообраќај улицата „Александар Урдаревски“ кај гробишатата Бутел
Јавното претпријатие „Улици и патишта“-Скопје, ги известува граѓаните дека на ден 08.02.2024г./четврток/ ќе врши градежни активности за асфалтирање на коловозната површина на улицата „Александар Урдаревски“ во насока од крстосницата со улица „Боца Иванова“ до улица „Нов Живот“, односно од првата улица за влез во гробишта„Бутел“ потег кој завршува до ул. „Нов Живот“ во рамки на границите на ГУП согласно одобрениот сообраќаен проект.
Поради изведба на градежните активности за асфалтирање кое ќе се одвива во периодот од 9 часот до 17 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќајот кој ќе биде комплетно затворен и пренасочен преку скопската обиколница, со соодветна сообраќајна сигнализација.