Утре во Скопје на инаугурацијата на Пендаровски доаѓаат Вучиќ, Тачи и Катроугалос
Пендаровски утре ќе биде инаугуриран на седница во Собранието на Република Северна Македонија, со што и официјално ќе го почне петгодишниот мандат.
На седницата Пендаровски ќе даде свечена изјава пред народните избраници, членовите на Владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство.
Пријавено присуство на инаугурацијата на новиот претседател Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен Радев, српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Албанија Илир Мета, од косовскиот претседател Хашим Тачи. Присутни ќе бидат и министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ со сопругата Анета Спаиќ, министерот за надворешни работи на Грција Георгиос Катроугалос, заменик министерот за надворешни работи на Полска Мациеј Ланг, од Словенија висок претставник на кабинет на претседателот Борут Пахор, заменик министерот за надворешни работи на Турција, Фарук Кајмакчи како и дипломатски кор (амбасадори).