Утре ќе нема вода на „Васил Ѓоргов“ во скопски Центар


Утре без вода ќе останат дел од корисниците во Општина Центар, информира РЦУК – Скопје.

Од ЈП „Водовод и канализација“ е добиено известување дека на ден 9 јануари (петок) поради уличен дефект на ул. „Васил Ѓорѓов“ б.б. – пред ОУ „Киро Глигоров“, во периодот од 9:00 часот па с до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците „Васил Ѓорѓов“, „Адам Мицкјевич“, дел од корисниците од улиците „Киро Глигоров“ и „Козара“, како и објектот на Заводот за физикална медицина и рехабилитација.