Уставниот суд на Косово го замрзна распуштањето на парламентот


 

Уставниот суд на Косово изрече привремена мерка до 31 март за декретот на косовската претседателка Вјоса Османи за распуштање на косовскиот парламент. Според одлуката на Судот, на Османи ѝ се забранува да презема какви било дејствија во врска со декретот кој таа го донесе на 6 март, како и на косовскиот парламент да презема какви било дејствија сè додека е во сила привремената мерка.

Судот објави дека мерката останува во сила до донесување конечна одлука и дека е воведена за да се спречи непоправлива штета на уставниот поредок на Косово и демократското функционирање на клучните институции во земјата. Ова значи дека Османи не може да закаже нови избори додека мерката е во сила, бидејќи таа го распушти парламентот со декрет – потег што владејачката партија на Албин Курти го упати на преиспитување до Уставниот суд.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, минатата недела потпиша указ за распуштање на парламентот откако пратениците не успеаја консензуално да се договорат за кандидат за претседател на државата.