Успешно изведени две трансплантации на коска кај деца
Од Министерството за здравство денеска информираат дека на Клиниката за ортопедија успешно биле изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти.
Првата интервенција е извршена кај 14-годишно девојче со вродена аномалија на стапалата. Постигната е стабилна корекција и пациентката се врати на вообичаените активности.
Втората трансплантација е направена кај 13-годишно момче со повторен деформитет на стапалото. Од Министерството информираат дека пациентот е испишан во добра состојба и го очекува рехабилитација.
Користењето кадаверични коскени трансплантати, се наведува во соопштението на Министерството, има огромно значење во детската ортопедија – се избегнува нова хируршка рана, болка и дополнителна деформација, а интервенциите се побезбедни и пократки.
Од Министерството за здравство изразуваат благодарност до двата медицински тима и до семејствата на донорите за нивната хуманост.