Уште недојдена, зимата покажа „заби“ во целиот регион: Отсечени села, проблеми во сообраќајот…
Временските неприлики го зафатија целиот регион, Србија, Турција, Романија, Молдавија...
Врнежите од снег направија проблеми во Македонија, повеќе патни правци беа непроодни, имаше блокирании возила, отсечени села… Но, врменските неприлики го зафатија целиот регион, па слични вести доаѓат и од другите земји: Србија, Турција, Романија, Молдавија…
Кај нас според последните информации, расчистени се патиштата, но се препорачува многу внимателно возење.
Во Србија снежните наноси на места создадоа големи проблеми. Спасувачките екипи извлекоа две лица од автомобил покриен со снег во градот Добри Дол, по едно лице е евакуирано од градовите Јасеново и Ковиље.
По добиената пријава, спасувачките единици веднаш биле испратени на местото на настанот, но не успеале да ги пробијат високите снежни наноси, па морал да дојде трактор со плуг. Во еден момент го извлекол затрупаниот автомобил, за да можат пожарникарите да ги извлечат патниците.
View this post on Instagram
Оваа спасувачка акција траеше околу два часа, па надлежните служби апелираат до возачите да не излегуваат на пат доколку тоа навистина не е потребно. Особено не во повисоките делови на општина Ивањица.
View this post on Instagram
Дополнително, спасувачките служби извршија уште две акции во оваа општина, пишува Нова.рс. Првата била во селото Јасеново, каде снегот затрупал жител во неговиот автомобил, а бил спасен од работници на патиштата. Втората е акцијата за спасување во селото Ковиље.
Вчера во Ивањичко проблеми со струја имало во селата Мочиоци, Кушиќи и Братњево, а во еден момент телефоните во тие села не работеле ни.
На Копаоник 300 луѓе беа без струја
Снегот кој непрекинато паѓа на Копаоник повеќе од 30 часа достигна висина од 38 сантиметри. На неколку далноводи во општините Бруска и Александровка снегот предизвика проблеми во снабдувањето со електрична енергија, поради што без струја се 300 корисници во Брзиќ, Батот и дел од Митрово Поље во Жупа.
View this post on Instagram
Делницата од Нови Пазар до Сјеница е многу критична, лизгава, дува силен ветер и се формираат нови снежни наноси. Два дена патролата е на терен и работи на расчистување на патиштата.
Затворени патишта во Романија и Молдавија
Обилниот снег предизвика затворање на патиштата ширум Романија и Молдавија, а голем број населени места останаа без електрична енергија.
Еден маж загина во Молдавија откако неговото возило излета од патот и удри во дрво.
Романската Национална метеоролошка служба предупреди дека во источните окрузи Констанца, Тулчеа, Галати и Браила брзината на ветрот може да достигне и брзина до 100 километри на час.
Во окрузите Констанца и Браила околу 69 населени места се без електрична енергија.
Проблеми и во Турција
Во Турција не врнеше снег но обилните дождови и силниот ветер предизвикаа пораст на нивото на Егејско Море, кое ги проби крајбрежните бариери и предизвика поплави во турскиот град Измир.
Силно невреме го погоди и Истанбул, каде силниот ветер корнеше покриви, но нема повредени или загинати лица.
Турскиот метеоролошки институт денеска предупреди на лоши временски услови во повеќето од 81 провинција во земјата. Подобрување на временските услови се очекува утре.
На Попова Шапка најстудено, најмногу снег во Пожаране и Ѓуриште
Инаку кај нас на Попова Шапка попладнево беше најстудено, минус осум степени, а максимални седум степени се измерени во Гевгелија и Демир Капија.
Според УХМР, во 16:30 часот минус два степени се измерени во Берово и Крушево, минус еден во Маврови Анови, нула степени во Охрид и Крива Паланка. Два степена се измерени во Штип, Претор и Виница, три во Битола, четири во Тетово и Прилеп, пет во Кавадарци, шест во Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Велес и Струмица.
Во Пожаране и Ѓуриште има најмногу снег, 20 сантиметри. Во Маврови Анови снежната покривка е 18 сантиметри, во Битола 14, во Крива Паланка и Берово 12, во Лазарополе 11, а десет во Тополчани. Во Прилеп и Охрид снежната покривка е седум сантиметри, пет во Виница, четири во Тетово и еден сантиметар во Штип.
Во втората половина од ноќта облачноста ќе се намали, освен во југозападните делови каде локално е можна значителна ниска облачност.