Уште гори кај Тиквешкото Езеро и кај Долгаец


Фото: Б. Грданоски

На територијата на нашата земја денеска до 12:30 часот има пет активни пожари на отворено, а исто толку се под контрола, информираат од ЦУК. 

Активни се пожарите во во близина на Тиквешко Езеро каде гори нискостеблеста шума и трева, во село Магленце каде е опожарена ниска вегетација и шума, во Штип на улица „АСНОМ“ каде е запалена ниска вегетација, во село Долгаец гори мешана шума и во село Подвис годи ниска вегетација и стрниште. 

Под контрола се пожарите во повеќенаменското подрачје Јасен (мешана шума), на планината Кожуф (приземен пожар), село Мерово (мешана шума), село Страгово (ниска вегетација) и село Мрежичко место викано Мушов (ниска вегетација и нискостеблеста шума).