Уште една свадба во кланот Кенеди: Внуката Јунис се омажи во Диор венчаницата на баба ѝ


САД– Јунис Кенеди Шрајвер ја почести својата баба, по која го носи името, на нејзиниот голем ден, облечена во неверојатната венчаница од Диор.

„Баба ми го носеше на нејзината венчавка со мојот дедо на 23 мај 1953 година, а 67 години подоцна, го носев за да се омажам за Мајки“, изјавила Јунис за „Вог“. „Венчаницата во ванила нијанса  имаше неколку дупки , но ми беше сеедно“.

Јунис е менаџер за уметност и експериментален развој на брендови во Best Buddies International, организација основана од нејзиниот татко Ентони Шривер, посветена на помагање на лица со интелектуална попреченост и развој. Таа е внука на Јунис Кенеди Шрајвер, сестрата на Џон и Боб Кенеди, истакнат филантроп. Мајки е претседател и извршен директор на Ocean Automotive Group, застапник за луксузни автомобили.

Невестата изгледаше зачудувачки во венчаницата, која беше изменета во однос на оригионалот, со горен дел како корсет без прерамки, на фотографиите што ги сподели на Инстаграм. „Засекогаш“, таа ги потпиша фотографиите на себе и нејзиниот сега веќе сопруг Мајкл „Мајки“ Серафин Гарсија.

Двојката првично планираше да каже „Да“ пред 200 гости, но мораше да ги смени плановите поради пандемијата, поканувајќи ги само нивните потесни семејства, околу 32 лица. Тие се венчаа на мала церемонија во католичката црква Свети Патрик во Мајами, проследено со прием во клубот за сурфање на луксузниот хотел „Четири сезони“.