Уште еден удар по џебот на туристите! Грција воведува нови мерки и даноци, вака ќе изгледа летувањето во иднина
Туристите кои планираат да ја посетат Грција, од следната летна сезона очекуваат бројни промени.
Грција е една од најпопуларните дестинации меѓу Македоинците, но серијата нови правила што ги најави оваа земја и кои ќе стапат на сила ќе го променат досегашниот начин на летување.
Грчката влада претстави нов даночен закон со цел зголемување на приходите и решавање на клучните проблеми во туристичкиот сектор.
Какви мерки не очекуваат ова лето?
-Данок на туристичко сместување
-Ограничувања за краткорочни закупнини
-Данок за патници на бродови за крстарење
-ETIAS
-Воведени се нови правила на плажите
Рамката во која ќе функционираат оние што изнајмуваат сместување во стилот на Airbnb од Нова година ќе стане значително потесна, а оние што издаваат станови и куќи на долготраен закуп ќе добијат даночни олеснувања, јавува денеска атинската РТВ СКАИ, очекувајќи брза донесување на новата регулатива.