Уште еден изборен триумф на Александар Вучиќ

Српската народна партија освои 46,5 отсто од гласовите и ќе има апсолутно мнозинство. Опозициската коалиција „Србија против насилството“ има 23,5 проценти


Александар Вучиќ ги соопштува резултатите од изборите

 

Владејачка Српска народна партија објави убедлива победа во неделата на парламентарните избори во земјата, кои беа нарушени со извештаи за големи нерегуларности и за време на тензичната кампања и на денот на гласањето.

Српската напредна партија освоила 46,5 отсто од гласовите и очекува да има околу 130 места во 250-членото собрание, што е за четири отсто повеќе од ланските избори. Главната опозициска група „Србија против насилството“ освои околу 23,5 отсто, објави претседателот Александар Вучиќ некаде по 22 часот.

И според проекциите на истражувачкиот центар „Цесид“, откако тие пребројале 72,4 отсто од гласовите, СНС има поддршка од 46,6, а коалицијата „Србија против насилството“ 23,1 процент. Другите партии се далеку зад нив.

Трета е Социјалистичката партија на Србија со 6,5 отсто, што е за пет отсто помалку од изборите лани во април, што е голем удар за партијата на ивица Дачиќ.

Најголемо изненадување е листата на докторот Бранимир Несторовиќ, која има 4,8 отсто. Овој детски пулмолог и алерголог се прослави на почетокот на пандамијата на короната, нарекувајќи го „најсмешниот вирус во историјата“. Тој не веруваше во вакцината и велеше дека „побрзо би умрел отколку да примам вакцина“, па стана омилен кај антикасерите.

Според овие резултати СНС на Александар Вучиќ (иако тој веќе формално не е претседател на партијата) ќе може сама да формира влада, а на ланските избори имаше 120 пратеници.

Прагот за да се влезе во собранието е 3 отсто, а неколку десничарски партии не успеаја да го поминат, како што тоа им успеа на ланските избори. Особено лош резултат има Нардоната партија на Вук Јеремиќ.

На покраинските избори во Војводина, според Вучиќ, СНС има сигурно мнозинство. Гласовите за изборите во Белград се бројат последни, а според објавата на Вучиќ неговата партија од дотогаш пребројаните гласови има 38,5 отсто, а опозициската „Србија против насилството“ 35 отсто.

Главниот натпревар на парламентарните и локалните избори во неделата беше меѓу владејачката СНС на Вучиќ и центристичката коалиција која се обидува да го поткопа владеењето на партијата на Вучиќ и нејзините сојузници, но очигледно и на овие избори тие се многу далеку од оваа цел.