Уште 14 израелски заложници и тројца странци се предадени на Црвениот крст во Газа
Четиринаесет израелски заложници и тројца странски државјани се предадени денеска на Црвениот крст во Појасот Газа, соопшти израелската армија.
„Врз основа на информациите добиени од Црвениот крст, 14 израелски заложници и тројца странски заложници се префрлени во Црвениот крст“, се вели во соопштението на третиот ден од договорената пауза во борбите меѓу Израел и Хамас.
Според договор, и Израел денеска треба да ослободи Палестинци од затвори.