Уште 100 пациенти од Кочани се лекуваат во болница, 93 закрепнаа

Од 193 лица повредени во дискотеката „Пулс“ во Кочани, остануваат само 100 на лекување во домашните и странските болници. 80 пациенти се лекуваат надвор од државата, а двајца се враќаат денес.
Министерот за здравство, Арбен Таравари, посочи дека тројца од повредените се во критична состојба, што значи дека едно лице е во подобра состојба.
„Еден од критичните пациенти е многу подобар. Кај некои од пациентите има флуктуација во здравствената состојба“, посочи Таравари.
Таравари кажа дека очекуваат враќање на повеќе пациенти од странските болници во текот на неделата. Денеска пак, се враќаат двајца пациенти – од болниците во Полска и Шведска.
„Очекуваме да се вратат полесните пациенти оваа недела“, рече Таравари.