Уништувањето на електричната мрежа во Украина е колосално
Шефот на украинската државна електроенергетска компаија „Укренерго“ денеска ја опиша штетата на украинските електрани и останатата енергетска инфраструктура во земјата како колосална.
Володимир Курдицки, шефот на управата на „Укренерго“, на прес-конференција рече дека „практично не постои термоелектрана или хидроелектрана која не претрпела штета во руските напади“.
„Не можеме да генерираме толку енергија колку што на луѓето им треба“
„Нивото на уништување е колосално. Во Украина имаме дефицит во генерирањето на струјата. не можеме да генерираме толку енергија колку што им треба на потрошувачите“, рече Кудрицки и ги предупреди Украинците дека може да се соочат со сите долготрајни редукции на струја затоа што „Укренерго“ сака да створи услови во кои луѓето може да останат во земјата зимоска.
Рече и дека „Украина има доволно резерви гориво затоа што ги собрала пред руската инвазија“, додавајќи дека “напорно работи на поправка на оштетената инфраструктура“ и дека се „надева оти во странство ќе добие резервни делови“.Но, ја отфрли идејата за евакуација на цивили од неодамна ослободените региони Херсон и Миколаев, која вчера ја предложи Ирина Верешчук, заменичка на украинскиот премиер.
На прашањето за идејата за евакуација на цивилите од градовите кои се најтешко погодени со недостигот на енергија, Кудрицки рече дека таквите повици се „неприкладни“.