Уникатни парчиња накит и слики изработени со љубов од млада прилепчанка
Уметноста и дизајнот ја стимулираат креативноста и имагинацијата. Обезбедуваат визуелни, тактилни и сетилни искуства и посебен начин на разбирање и реагирање на светот.
Вака разбрана уметноста, младата Матеа Поповска од Прилеп, ја преточува во уметнички слики и рачни изработки на накит, како дел од нејзиниот мал бизнис Fufu’s shop.
– Моите уметнички слики го стоплуваат просторот со своите нежни тонови кои се испреплетуваат во апстрактен пејзаж, а оние со диви тонови се за тие со нескротлив и разигран дух. Посетете нѐ и подарете си уникатно парче уметност, изработено со многу љубов, само за вас – препорачува младата креативна Матеа.
Тема на уметничките слики се цвеќињата, изработени со импасто техника. Tие не го најавуваат своето пристигнување на овој свет, тие само цветаат и пленат со својата убавина, а се музиката на земјата, музика од усните на земјата испеани без звук. Во дел од уметничките платна се прикажани насмевки, бидејќи секому е потребна насмевка, а денес Вие не ја заборавајте вашата, порачува таа.
Како да се издвојуваш од останатите? Накитот е еден начин за тоа. Обетките се изработени со полимерна глина, мониста и многу љубов. Комбинација од елеганција, лудост и модерно во едно. Накит кој може да ја истакне Вашата елеганиција, да го ослободи детето во Вас, да Ве ослободи Вас и Вашиот стил, несомнено да ја истакне Вашата убавина.
Накитот се изработува рачно, еден по еден, со што секој од нив е целосно уникатен и единствен.
– Секоја рачна изработка е дел од душата на оној кој ја изработува, тоа ја дава големата вредност на рачните изработки – порачува Поповска.
Доколку сте љубители на уметноста и на рачните изработки, љубители на уникатни подароци и невообичаени додатоци посетите го нејзиниот Instagram профил fufu.shopppp или Facebook страната Fufu’s shop. Таму ќе може да ги видите сите производи, елегантни, минималистички, со стил и малку лудост.
Facebook https://www.facebook.com/fufu.shopppp
Instagram https://instagram.com/fufu.shopppp?igshid=YmMyMTA2M2Y=