УНИЦЕФ: Најмалку 322 деца наводно убиени во Газа по прекинот на огнот


Најмалку 322 деца наводно се убиени во Појасот Газа по прекинот на огнот, додека 609 се ранети, соопшти УНИЦЕФ.

Организацијата наведува дека бројките ги вклучуваат и децата кои наводно биле убиени или повредени кога хируршкото одделение на болницата Ал Насер, во јужниот дел на Газа, беше погодено во израелски напад на 23 март.

По речиси 18 месеци војна, повеќе од 15.000 деца наводно биле убиени, над 34.000 повредени, а речиси еден милион деца повеќе пати биле раселени.