Улицата „Ѓорче Петров“ добива 4 км нови пешачки патеки и зелен коридор
Целосна реконструкција на пешачките патеки и нови зелени коридори за поубаво и побезбедно Скопје, најавува градоначлникот на Скопје, орце Ѓорѓиевски, кој денеска заедно со неговиот колега Александар Стојкоски, извршивме увид во големата и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки.
Во моментов се работи на пешачката патека по должина на улицата „Ѓорче Петров“, и тоа 4 километри, простор кој секојдневно го користат илјадници граѓани, ученици, родители, повозрасни лица и велосипедисти.
– Оваа патека беше една од најбараните од граѓаните, затоа што се наоѓа во исклучително фреквентна зона која со години беше оставена во лоша состојба. Раскопана патека, небезбедно движење, запуштен простор и слики кои не му прилегаат на главниот град – сето тоа конечно станува минато – вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Паралелно со реконструкцијата, покрај улицата никнува и зелен коридор со нови дрвја, зеленило и уредени површини кои ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и попријатен простор за движење.