Украинските сили го повратија Ирпин, град близу Киев


 

Украинските сили ја презедоа целосната контрола врз градот Ирпин, неколку километри од Киев, изјави локалниот градоначалник.

Ирпин е важна сообраќајница за патниците западно од главниот град. Тој доживеа тешки борби и беше под интензивно руско бомбардирање од почетокот на руската инвазија на Украина минатиот месец.

Во видео објава на Телеграм, локалниот градоначалник Олександр Маркушин рече:

„Денеска имаме добра вест – Ирпин е ослободен. Разбравме дека ќе има повеќе напади  врз нашиот град и храбро ќе го браниме“.