Украинските граничари од Змискиот остров разменети за руски војници


Прославените украински граничари на Змискиот остров во Црното Море, кои им рекоа на руските освојувачи на првиот ден од војната „ебете се“ откако им понудија да се предадат, се ослободени во размена на затвореници. Според украинските медиуми Украина ги разменила 11-те руски војници што биле спасени откако им потонал брод близу до Одеса со 19-те украински граничари кои им ја кажаа легендарната фраза преку радиоврска. 

Ова е првата размена направена меѓу украинските и руските воени сили. 

Украинските граничари на малиот остров беа предупредени од руски брод дека треба да се предадат бидејќи во спротивно ќе ги застрелаат. Првата вест беше дека тие загинале, но подоцна се откри дека биле заробени од побројните руски сили.