Украинскиот министер за надворешни работи: Ова е сериозен чекор напред


– Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, го оцени денешниот состанок со високите американски претставници во Саудиска Арабија како „сериозен чекор напред“.

Сибиха нагласи дека состанокот претставува напредок „на патот кон мирот“ и во зајакнувањето на стратешкото партнерство меѓу Украина и САД. – Ова е резултат на искрен, отворен и конструктивен дијалог, посочи шефот на украинската дипломатија.

Тој се заблагодари на американскиот државен секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Волц, како и на „нашите саудиски пријатели“.