Украинска новинарка го нападна Борис Џонсон: Вие се плашите да одговорите на Русија!
Борис Џонсон беше вербално нападнат од украинска новинарка која со емотивен говор го повика Обединетото Кралство да направи повеќе околу тековната руска инвазија. Дарија Калениук го предизвика британскиот премиер за време на неговата прес-конференција со полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
Таа го обвини НАТО дека премногу се плаши од Третата светска војна за да дејствува, но тврдеше дека таа војна „веќе започна“ со инвазијата на Путин во нејзината земја.
Just had a chance to ask a question to @BorisJohnson https://t.co/4ee6eXJj6g
— Daria Kaleniuk (@dkaleniuk) March 1, 2022
Калениук, извршен директор на Центарот за антикорупциска акција, му кажа на Џонсон во Варшава дека е од Киев, но ја преминала границата во последните денови.
„Украинските жени и Украинските деца се во длабок страв поради бомбите и проектилите кои паѓаат од небото. Украинскиот народ очајно бара права да го заштити нашето небо, ние бараме зона на забранети летови .Која е алтернативата за зоната за забранети летови? НАТО не е подготвен да се брани бидејќи се плаши од Трета светска војна, но таа е веќе започна и украинските деца се тие кои го преземаат ударот.
Зборувате за повеќе санкции премиере, но Роман Абрамович не е санкциониран, тој е во Лондон, неговите деца не се бомбардираат, неговите деца се таму во Лондон“, му порача таа емотивно на Џонсон.
Збунет Џонсон рече: „Јас сум целосно свесен дека како Обединето кралство нема многу што можеме да направиме за да помогнеме на начинот на кој вие сакате и морам да бидам искрен за тоа. Кога зборувате за зоната на забранети летови, како што му реков на (украинскиот претседател) Володимир Зеленски неколку пати, за жал импликацијата од тоа е дека Велика Британија ќе биде ангажирана во соборувањето руски авиони и ќе биде вклучена во директна борба со Русија.Тоа не е нешто што можеме да го направиме или што сме го замислиле. Последиците од тоа би било навистина многу, многу тешко да се контролираат“, рече Џонсон.