Украинска армија уништила 35 од 39 дронови лансирани од Русија


Русија го изврши својот петти напад со беспилотни летала врз Киев во изминатите две недели, а украинската војска соопшти дека системите за противвоздушна одбрана ги уништиле сите беспилотни летала пред да стигнат до главниот град на Украина.

Во соопштението на украинските воздухопловни сили и силите за противвоздушна одбрана објавено на каналот Телеграм, се наведува дека системите за противвоздушна одбрана уништиле 35 од вкупно 39 нападни беспилотни летала лансирани синоќа од Русија.

Се додава дека нема пријавени жртви или причинета материјална штета.