Украинците ликвидираа уште еден руски генерал со медали
Во близина на Чорнобаивка, вооружените сили на Украина го ликвидирале Јаков Резанцев, генерал-полковник и командант на 49-та комбинирана армија на јужниот воен округ на Русија.
„Тој го заврши својот дел од борбата. Не можеше да ја поднесе следната епизода од серијата „Чорнобаивка“, порача Олексиј Арестович, советник на шефот на кабинетот на претседателот.
„Според прелиминарните податоци, напредната командна станица на 49-та руска армија на југ е уништена“, изјави Арестович.
Матичната станица на 49-та комбинирана армија на јужниот воен округ е Ставропол. Од август 2020 година, командант на армијата беше токму Јаков Резанцев. Смртта на цивилите во Абхазија и Сирија, според украинските медиуми, е на совеста на овој 48-годишен руски командант кој за воените злосторства таму бил награден со медали.