Украина уништи 10 од 17 лансирани руски дронови


Украинските сили уништија 10 од 17 беспилотни летала со кои Русија синоќа ја нападна Украина, соопшти Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина.

Покрај беспилотните летала „Шахед“ Русија лансираше и шест противвоздушни наведувани ракети С-300, кои гаѓаа цивилни цели во регионите Доњецк и Херсон, пренесува украинската агенција Униан.

Нападот ноќеска траел неколку часа, додава украин ската војска.